Популарно парче посакувано во сечиј плакар – кожено здолниште во 20 комбинации

3 декември 2020

Тенденцијата на кожени парчиња облека продолжува и оваа зима. Сеприсутна е и во уличната и во елегантната мода, па често може да видиме како кожените парчиња ги носат познатите дами во модниот свет.

Денеска во фокус ќе ги ставиме кожените здолништа, како императив што спојува женственост и моќен изглед.

Актуелни се моделите со висок струк, плисираните како и здолништата во „молив" крој, па според тоа, може да ги комбинирате во различни аутфити и со остатокот од парчињата во гардероберот, прилагодени на вашиот стил.

Ако преферирате посмел изглед, тогаш одлична варијанта е и целосно кожена комбинација, па здолништето може да го комбинирате со кошула или пак блејзер од истиот материјал.

Следуваат 20 идеи како трендовското кожено здолниште да го комбинирате во вашиот изглед.

Фото: Пинтерест

Објавено:
3 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.567 пати