После очи, лубеници, ананас и птици на ред дојде принтот со раце

29 август 2014

Секоја сезона си носи свои одредени трендови кога се во прашање принтовите, а трендсетерките, модните инсајдерки и оние што слепо ги следат трендовите се сигурните купувачи на секој новитет кој од најновите колекции го презентираат брендовите. Откако се појавија низа принт-трендови какo оние со лубеници, очи, ананас, птици, бамби принт, на ред од есен-зима колекциите се принтовите и апликациите со раце.

Carven Carven

Карвен, Гилс, Осман се мал дел од етикетите кои за претстојната студена сезона понудија токму вакви необични принтови и апликации на здолништа, фустани, јакни, блузи и туники.

Giles Giles

Несомнено е дека ваквите мотиви ќе станат инстантно популарни и многу набрзо очекуваме да ги видиме од комбинациите во улична мода. Ви се допаѓа?

Opening Ceremony Opening Ceremony

Opening Ceremony Opening Ceremony

Osman Osman

 

 

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Тренд