Повеќе од спортска облека: Модниот капацитет на дуксерот

6 октомври 2022

Иако за многумина дуксерот не е ништо повеќе од парче облека кое се носи само за време на спортување или прошетки во природа, добрата вест е дека тоа всушност е далеку од вистината.

Дуксерот, со својата едноставност и удобност, секако не е парче облека кое го наоѓа своето место во формални или свечени комбинации, но неговите капацитети дострелуваат многу подалеку отколку сме свесни.

Фото: Pinterest

Есенските месеци, кога главниот фокус се става на удобната и топла облека, особено отвора можност за оние кои ја сакаат модата и сакаат да ескпериментираат со парчињата облека за кои се смета дека имаат ограничена употреба.

Дуксерите се достапни во различни големини, кроеви, бои и дезени. Некои доаѓаат со качулка, некои без. Некои се со џебови, а некои без. За каков модел и да се одлучите, ослободете ја вашата креативност, спојте го со повеќе различни модни парчиња и изненадете се самите себеси со крајниот резултат.

Фото: Pinterest

Ова парче облека секако изгледа одлично со долен пар тренерки, шорцеви или пак фармерки, но модните блогери честопати го спојуваат и со кратки плисирани здолништа, сатенски макси здолништа, со класични палта, блејзери, па дури и со елегантни високи потпетици.

Се чини дека нема многу ограничувања, а со нашите неколку предлози се надеваме дека ќе ве убедиме да се ослободите и да започнете да експериментирате со модниот капацитет на дуксерот.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Објавено:
6 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.982 пати