Повелете, најубавите бизнис фустани

12 ноември 2014

Asos Asos

Секоја професија на одреден начин наложува и различен дрес-код, полиберален или таков со строги правила во однос на облекувањето. Секојдневното одење на работа најчесто не обврзува поформално да пристапиме кон спојувањето комбинации, но дури и во таквите случаи денешната понуда на дизајнерите и комерцијалните етикети го олеснува изборот од стилизирањето. Изминатиот период од светските модни метрополи беа претставени доста колекции во границите на спортската елеганција, кои ја заобиколуваат монотоната формалност, постигната преку едноставниот современ строг крој, боја и материјали.

 

Zara Zara

Во фото галеријата од продолжение, селектиравме неколку модели на фустани за на работа, кои се наоѓаат во тековната понуда. Меѓу нив ги издвојуваме оние за кои веруваме дека ќе ве охрабрат и инспирираат да ги направите вашите работни стајлинзи женствени и моќни, кои пред се ќе ја постават професионалноста на прво место.

Популарната британска онлајн продавница Asos ги актуелизира миди фустаните на преклоп, таквите со нагласена половина и оние со џебови. Дизајнерката и поранешна „спајсица“ Викторија Бекам, последната колекција ја посвети на работната облека што и е посветена на жената бизнисмен. Истата покрај монохроматските варијанти, содржи и такви во колор-блок и женствена силуета, модели со спуштени ракави и половина истакната со ремен.

Victoria Beckham Victoria Beckham

Освен Бекам и Asos , исто толку привлечни и женствени модели нудат и комерцијалните етикети како H&M и Зара, кои продолжија во следењето на стилските потреби на жените и девојките, пласирајќи парчиња што придонесуваат за стилски, женствен и префинет изглед за на работа. Погледнете!

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Тренд