Повик на дивината на градскиот асфалт

3 декември 2013

Иако сафари изгледот претежно е резервиран за време на летниот период, никој не рече дека не може да се почестиме со некое такво парче и во зима.

Во време кога сите бараме облека со која навистина ќе се затоплиме, блузоните со диви животни или топлите хеланки со животински принт се она што е дозволено и оваа сезона.

Во комбинација со некое шик сафари палто и чанта со реси, вие ќе бидете вистинска „дива мачка“ на улиците. Погледнете што оваа зима е дел од сафари стилот и направете си ги вашите омилени комбинации.

1.Блузони со животински принт

Се чини дека по овој забавен и ултра популарен тренд полудеа сите откако Кензо ни го покажа неодоливиот блузон со принт со дива мачка. Оттогаш, сите светски трендсетерки и модни блогерки како да не можеа без него. Освен тоа што е супер модерен, тој е и навистина топол избор за оваа зима.

2.Змиска кожа

Кога ќе споменеме змиска кожа, дефинитивно не мислиме на цели комбинации со овој принт. Но, модните додатоци како чанта, накит, марама или пак обувки се сосема дозволени.

3.Леопард принт

Доколку мислите дека целите комбинации во леопард принт се претерани, и не можете да се замислите себеси во нешто такво, како што беше случајот со змиската кожа, повторно одберете само некој детал. Марамите за коса или пак чантата со леопард принт се полн погодок за оваа сезона.

4.Сафари накит

Накитот со животински принтови секогаш е добредојден за развеселување на еднобојните изгледи, особено ако се работи за масивни бразлетни со интересен облик. Предлагаме да одберете дрвен накит со егзотичен изглед што ќе создаде вистински сафари искуство.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Тренд