Празнични комбинации со џинс

27 декември 2021

Празничниот период е супер пригода да блеснеме и да се облечеме малку поинаку. Пандемијата малку не' улежа, како да заборавивме да се забавуваме, па доколку сега ве очекува некоја прослава со пријателите, тогаш ете шанса да се дотерате.

Сепак, доколку спаѓате во групата на луѓе кои поради изгледот не сакаат да си ја изгубат удобноста, тогаш веројатно овој текст ќе послужи како супер инспирација.

Фармерките се парче кое секоја жена го поседува во својот гардеробер, па тоа е одлична основа за комбинација. 

Како да се дотерате празнично со фармерки?

Одберете блејзер од кадифе или од некој материјал со сјај. Или пак, можете да одберете маичка/блуза од некој транспарентен материјал, со тантела, или светки.

Изборот на обувки и чанта исто така ќе ја направи комбинацијата впечатлива, па добар избор се оние со металик сјај, панделки, кадифе или впечатливи токи...

Примерите во продолжение ќе ве инспирираат дополнително:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lucy Williams (@lucywilliams02)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adenorah (@annelauremais)

И уште неколку предлози во галеријата:

Објавено:
27 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.942 пати