Пред нас е продолжен викенд: Одбравме црно-бели лежерни комбинации за комплетно уживање

9 октомври 2020

Продолжениот викенд е пред нас. Искористете го паметно и рационално, а притоа дотерајте се во пријатна и лежерна облека за комплетно уживање.

Ако сакате совет што да облечете овој променлив викенд, кога температурите сè уште варираат и на моменти ви е топло, а на моменти малку постудено, ние ќе ви предложиме неколку слоевити комбинации што ќе ви овозможат да се чувствувате пријатно од утро до навечер.
Притоа, сите аутфити се во црно-бел спој, па според тоа убедени сме дека лесно ќе се адаптираат во сечиј стил, независно лично каква естетика преферирате.

Во зависност каде и како планирате да го поминете викендот, комбинациите вклучуваат различни варијанти со полесна и подебела облека, со патики или удобни чизми до глужд, а надополнети и со интересни модни додатоци: шешир, марами, очила за сонце, мини чанти...

Објавено:
9 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.572 пати