Предимензионирани плетени кардигани – моден хит за претстојната сезона
•
11 септември 2017
Меки, удобни, предимензионирани, плетени кардигани се модниот хит во најава, за претстојната есен-зима сезона.
Плетивото веќе неколку сезони е ретро-тенденција која со задоволство ја комбинираме и во летните и во зимските стајлинзи, а ова парче зимска облека без сомнеж ќе биде меѓу најактуелните сезоната што следува.
Ако на Инстаграм пребарате @Mumshandmade, тогаш ќе ги најдете и „виновниците" што го популаризираат овој тренд: неколку мајки кои се обединиле под овој бренд и во домашни услови, рачно ги плетат овие кардигани кои веќе се хит и на оваа социјална мрежа.
Во продолжение погледнете како ги носат урбаните девојки од уличната мода.
Фото извор: Instagram/Mumshandmade