Предлог идеи за впечатлив матурски изглед

6 април 2017

Ако годинава ја прославувате вашата матура или апсолвентска, тогаш сигурно веќе размислувате за вашиот комплетен изглед, што вклучува соодветна шминка, фризура, впечатлива креација која ако има потреба е надополнета со модни додатоци и секако заокружувате со идеалниот пар чевли.

Модната куќа Елена Лука за новата генерација матурантки и апсолвентки креираше уникатна линија креации со свечена нота, естетика адаптирана на пригодата.

Во дизајнот на креациите се имплементирани оние носечки императиви, карактеристични за уникатниот пристап на Елена Лука како што се впечатливите рачни везови, уникатните детали и специфичните кроеви, истовремено комбинирани со актуелните тенденции, како што се на пример принтовите во пруги, лежерните асиметрични линии, како и изборот на пастелни бои надополнети со глитер детали.

За девојките кои преферираат елегантен изглед, Елена Лука во оваа линија креираше префинети миди фустани со корсетиран горен дел, во А крој, со рачно везени композиции во златна и сребрена варијанта. Додека пак за романтичните девојки, голем е изборот на нежни, лелеави фустани во пастелен колорит.

 

 

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.049 пати