Предлог комбинација за викендов

12 октомври 2013

Сигурно веќе уживате во продолжениот викенд за кој ви предлагаме  различни парчиња облека кои може да ги комбинирате во повеќе варијанти. Без разлика каков и да е вашиот избор, црно-белата комбинација е неизбежна. Не само што е тренди, туку може да се прилагоди и на дневна и на вечерна варијанта. За удобно попладне одберете темен џинс со маичка во риги и црно сако. За вечер искористете го истото сако, а ротација направете само во долниот дел, па наместо фармерки одберете кратко бело здолниште и аксесоари во метални нијанси.

 

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Тренд