Предлог матурски изгледи со потпис од македонските дизајнери

23 март 2015

Ги охрабруваме младите девојки кои оваа година ќе бидат матурантки, да останат доследни на својот стил во дефинирањето на нивниот матурски изглед. Тоа значи да излезат од зацртаниот шаблон, да бидат поинвентивни  и да не ја ограничуваат својата младешка креативност.

Една од варијантите на матурската вечер да бидете поинакви, впечатливи и свои, е на себе да облечете македонски дизајн. Предноста е што ќе бидете уникатни, ќе се чувствувате удобно во своја кожа доколку одберете стајлинг според вашиот сензибилитет, а што е многу значајно истовремено ќе ги подржите македонските дизајнери.

Fashionel со цел да ви помогне во решавањето на слатките дилеми, направи селекција од неколку интересни изгледи кои ги потпишуваат домашните дизајнери.

Со оглед на специфичниот дизајн по кој се препознатливи македонските креатори, во нашиот избор ќе препознаете неколку различни стилски варијанти: класични свечени тоалети, фустани со минималистички дизајн, комбинации со храбри неконвенционални кроеви и принтови, елегантни и романтични здолништа, но и алтернативни варијанти на панталони со висок струк комбинирани со краток топ.

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Тренд