Предлог за понеделничка бохо комбинација

26 август 2013

Искористете ги топлите денови што ни преостанаа за да ги облечете парчињата облека што временските услови подоцна потешко ќе ви ги дозволат. За почетокот на оваа работна недела Fashionel ви предлага комбинација од минималистички бел топ со строги кроеви, комбиниран со бохо или хипи макси здолниште. За да добиете уште повпечатлив изглед, задолжително облечете чевли или сандали во панк-рок стил и „зачинете“ со соодветен накит. Се разбира, доколку немате парчиња баш во овие бои, направете сопствена колоритна визија.

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Тренд