Пролет во Елена Лука: Три екстравагантни тоалети во нежни нијанси

5 мај 2020

Новото нормално секојдневие ќе нè пречека со нови тенденции и нов поглед на модата.

Два аспекти ќе бидат доминантни: едниот се однесува на смирена, неутрална и елегантна естетика, а другиот како целосна спротивност, ќе стави акцент на експлозијата од бои, артистичниот наратив и еклектичниот пристап, барем според проценките на експертите во областа.

Но, она што е значајно да се потенцира, независно од тоа која естетика ќе ја преферираат дизајнерите, е тоа што вреднувањето на модата како уметност што бара посветеност, осмисленост и функција, си го враќа своето значење и место, наспроти брзата мода.

Таквиот пристап остана карактеристика на препознатливост за модниот бренд Елена Лука. И поради тоа, дизајнот што го носи печатот на Елена Лука се издвојува со својата впечатливост, единственост и уметничка вредност. Знаете дека тоа е Елена Лука, затоа што е идентитет.

И во таа насока, оваа пролет Елена Лука е посветена на создавање уникатна уметност во сите нејзини нијанси.

Три раскошни тоалети во неутрални и суптилни тонови, од новиот свечен програм, ги издвоивме како пример за актуелната, освежена модна перспектива.

„Уметноста има функција, меѓу другото, да ни го разубави секојдневието и да ни го збогати духот и животното искуство. А особено овој период, тоа на сите ни е потребно. Затоа, во Елена Лука се посветивме исклучително на артистичниот концепт на креирање и дизајниравме тоалети што по својата естетска убавина и вредност се вистинска, раскошна уметност. Внимателно ги одбравме материјалите и деталите, единствени по својата ексклузивност и ставивме фокус на скулптуралните форми на кроевите, за да ја потенцираме нивната артистичност", вели г-ѓа Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

Елена Лука, креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот

Екстравагантна тоалета во асиметричен крој – женствена и елегантна, љубов и восхит на прв поглед. Корсетот е богато декориран со рачно аплицирани украсни детали, струкот е нагласен, а високиот шлиц е поставен странично со што се постигнува шик ефект.

Префинетост во чиста форма – беспрекорно дизајнирана, макси тоалета изработена од брокат. Горниот дел е корсетиран, додека долниот преминува во суптилен А-крој, што како силуета го прави совршен избор за сечија линија.

Романтичен фустан, во пудреста розова нијанса. Истовремено нежен и впечатлив. Акцентот во горниот дел е ставен на богатата композиција со украсни детали, струкот е потенциран со што повторно женствената нота е изразена.

Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.

Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

Објавено:
5 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.052 пати