Пролетен евергрин: Култното парче повторно задолжително во гардероберот

26 февруари 2021

Последните неколку години постојано се потенцира потребата од класични парчиња - задолжителна гардероба која се комбинира со се' и меѓусебе. Некои сметаат дека крајната цел на ваквото однесување е практичноста, други ја припишуваат оваа тенденција на создавањето одржлива гардероба моја ќе ја намали потрошувачката.

Меѓу оние култни парчиња кои стојат добро секому и секој треба да ги поседува се беж капутот, црното одело, белата кошула, малиот црн фустан, црните високи потпетици и џемперот на пруги.

За неговата имплементација во модата е заслужна токму Габриел Шанел, кога гледајќи ја морнарицата на брегот од Франција, завележала дека носат интересни кошули на пруги. Ваквите, таканаречени бретон имаат сини/тегет и бели пруги и се совршен моден погодок. Лесно се комбинираат со фармерки, здолниште, панталони, а изгледаат одлично во секое доба од годината.

Објавено:
26 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.329 пати