Современиот тек на животот имплицираше „нови правила" и во односот кон модата.
Во деловниот свет тоа подразбира полиберален пристап во дефинирањето на личнот бизнис имиџ, секако ако е во согласност со работната позиција.
Либералноста не значи и несоодветен избор, туку значи многу поширок и побогат избор што ни овозможува да се пронајдеме себе си и во бизнис издание, односно индивидуалната естетика да ја пресликаме и во нашиот деловен стил.
Веќе години наназад деловните дами преферираат успешна модна формула која се покажа како естетска и функционална: костум и патики.
Практична и удобна, а истовремено шик, оваа комбинација веќе со себе ја носи референцата – модерна класика.
Со оглед на тоа дека пролетта е пред нас, а оваа комбинација совршено и прилега, ве инспирираме со неколку одлични комбинации.
Фото: Пинтерест