Пролетната сезона ќе ја отвориме со „бомбер“ јакни

8 февруари 2016

Подеднакво застапени и во машката и во женската мода, „бомбер" јакните оваа сезона доаѓаат во најшарени можни варијанти.

Ова модно парче стана императив особено во уличната мода, поради неговата практична и естетска функција. Одлично се имплементира во слоевитите комбинации, а при тоа може да се носи и во спортска, елегантна или романтична варијанта.

Големите светски брендови како Луј Витон, Гучи, Дизел и Риплеј ги покажаа своите верзии на овие јакни на писта, а помеѓу нив ги издвојуваме оние со везени мотиви, микс на принтови и незаменливите војнички „бомбер" јакни.

Во пордолжение неколку инспиративни идеи помеѓу кои со сигурност ќе ја најдете и вашата омилена јакна.

 

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
710 пати