Пролетни комбинации со мото јакни

30 март 2017

Мото јакната е едно од парчињата што може да се комбинираат во секое годишно доба. Со оглед на тоа дека сега е пролет, во продолжение ќе погледнете галерија која веруваме ќе ве инспирира.

Ако имате по една мото (или друг тип на кожена јакна) и се размислувате како да ја комбинирате, или пак се двоумите дали да купите, еве го олеснуваме изборот.

Пред да почнеме било што друго да советуваме, да кажеме дека не мора ја форсирате само црната боја. Можете да се почестите со некоја во пудреста нијанса, или пак црвена, сива, во зависност од вашиот личен вкус.

 

Мото јакна+џинс

Класика. За било кој модел на џинс да се одлучите, мото јакната одлично ќе се вклопи во вашата комбинација. Во зависност од тоа ќе создадете идеален стајлинг за различни пригоди – работа, излегување со пријателите, шопинг, патување и сл.

 

Мото јакна+здолниште

Со мото јакна може да комбинирате миди здолниште или до колена и да ја вклопите во деловен изглед. Можете и со мини, што би била ваша комбинација за вечерни излегувања. Мото јакната одлично изгледа и со долгите здолништа, идеални за летни фестивали и прошетки. Плисираните се апсолутно во тренд, па не заборавајте и на нив.

 

Мото јакна+комбинезон

Урбана и можеби не толку секојдневна комбинација, но сепак одлична.

 

Мото јакна+фустан

 

Фустанот на многумина е едно од омилените парчиња, бидејќи со малку труд изгледате дотерано. На тоа додадете едно култно парче како мото-јакна и ќе добиете уште повпечатлива комбинација.

 

Мото јакна+панталони

Во зависност од пригодата, одлучете се за килоти, тесни или пак класични панталони, а мото јакната ќе ви биде сигурен избор, со кој ќе дадете впечатливост и карактер.

 

Мото јакна+шорц

Уште еден стајлинг идеален за сезона пролет-лето, музички фестивали, одмори...

 

Во галеријата погледнете ги и останатите предлози:

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
490 пати