За повеќето жени кои сакаат да изгледаат модерно и преку ден, најверојатно сезоната пролет лето 2013 ќе им пројде во знакот на сандалите со полна пета. Токму овој тип на сандали се еден од трендовите кои ја одбележуваат пролетно-летната сезона. Жените и девојките ги обожаваат затоа што се шик и модерни, а истовремено и удобни.
Понудата е навистина богата, во зависност од вашите желби и барања. Боите кои се најактуелни се карамел и бежова, бела, темно сина, црна, тиркизна, циклама-виолетова, но не заостануваат ни пастелните нијанси. Изработени се од најразлични материјали како кожа, дрво, јаже, а може ремчиња, цветови и други детали. Секој чифт сандали има засебна приказна, со цел да се задоволат вкусовите дури и на оние најпребирливите.
Погледнете ја галеријата и одберете го вашиот фаворит.