Прославете ја есента во парчина со кариран принт

5 ноември 2022

Карираните парчиња облека го постигнуваат истиот силен и шармантен ефект во есенските месеци, како шро цветните дезени во пролетта. Едноставно, некои принтови претставуваат класика и стандард за одредена сезона, и на тоа сме навикнати.

Карираниот дезен има посебна моќ да им даде на комбинациите силна доза на софистицираност и елеганција од една страна, а од друга страна пак, може да создаде сосема поинаков стил како што е гранџот.

Фото: Pinterest

Без разлика кој ви е поблизок, сигурни сме дека и вашата гардероба копнее по вакви парчиња од самиот почеток на есента, па решивме да ве охрабриме прикажувајќи ви неколку највпечатливи комбинации основани на карирани парчиња облека.

Фото: Pinterest

Оваа сезона ќе бидеме сведоци на карирани палта, здолништа, блејзери, кошули, јакни и пантолони, со кои ќе можете беспрекорно да составите изглед за секоја пригода, без разлика на тоа дали е канцелариска работа или пак излегување на кафе со пријателите.

Погледнете ја нашата инспиративна галерија и уживајте.

Фото: Pinterest

Објавено:
5 ноември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.311 пати