Пруги во сите можни комбинации

11 јули 2016

Наше омилено „клише" меѓу летните трендови е принтот со пруги. Но, секоја сезона овој принт како да добива нов лик благодарение на секогаш новите и иновативни комбинации во кои се имплементира.

Оваа сезона неизбежни се блузите во пруги со голи рамена како и тенките и удобни кошули-фустани во пруги.

Дамите особено ги обожуваат макси фустаните со карнери во комбинација со овој принт, додека девојките кои преферираат спортска елеганција, кошулите со пруги ги спојуваат со искинат џинс и патики.

Сигурно барем некое парче во вашиот гардеробер е токму со овој принт, па ние ви предлагаме неколку интересни комбинации како да го комбинирате во вашиот секојдневен изглед.

Објавено:
11 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.587 пати