Првиот моден хит во новата година – волнени блејзери

8 јануари 2020

Модните блогерки имаат нова опсесија, а која е најава за првиот голем моден хит во новата година.
Се работи за волнените блејзери на брендот & Other Stories што веќе станаа вирален моден хит на Инстаграм, благодарение токму на модните блогерки.

Едно вакво парче чини 165 фунти, а доаѓа во шест различни бои: црна, темно кафена, тегет, пастелно зелена, беж и светла беж нијанса.

Удобнот крој што е лесно компатибилен со остатокот од парчињата во гардероберот на една модерна жена, како и пријатното и топло чувство што го создава волнениот материјал, се меѓу карактеристиките поради кои овие блејзери станаа инстантен зимски хит.

Погледнете како го комбинираат блогерките во актуелната улична мода.

Фото: Инстаграм, &Other Stories

Објавено:
8 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.957 пати