Рејчел Зое дизајнираше летна колекција идеална за плажа

21 јули 2016

Популарната американска стилистка и дизајнерка, Рејчел Зое во соработка со онлајн продавницата Net-a-Porter, креираше идеална мини летна колекција која се состои од девет парчиња што може да се носат од утро до вечер.

Креаторката е позната по бохо естетиката која преовладува како во нејзините колекции така и во нејзиниот индивидуален стил, па оваа капсулна колекција е реплика на она што таа го преферира во нејзиниот личен летен стил.

А неизбежно, присутни во оваа летна линија се: макси хипи фустани, лесни бохо здолништа и шорцеви, комбинезони, сите изработени од пријатни материјали, во нежни пастелни бои, како и комбинацијата на црна и бела, а она што и дава карактер на колекцијата се везовите со етно мотиви.

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
970 пати