Ријана поставува нов тренд? Предмиензионирани чизми инспирирани од машката мода од 17 век

18 август 2022

Откако се породи во мај годинава, пејачката Ријана одлучи значително да се повлече и да го намали своето јавно присуство, но се чини дека тој период на „медиумска хибернација" од неодамна завршува.

Пејачката повторно ги полни насловните страници и го привлекува вниманието на глобалната публика со својата појава, а овојпат тоа го постигна со своите предимензионирани чизми од колекцијата пролет/лето 2023 на Y/Project со кои се појави на почетокот од неделава.

Фото: Vogue

Земајќи предвид дека температурите се сè уште значително високи, овој необичен избор на обувки очекувано привлече големо внимание и за брзо време стана неверојатно вирален.

Чизмите, освен со својот импресивен волумен, се карактеризираат и со висината која ги достигнува бутовите. Пејачката се одлучи да ги искоминира со кратко црно џинс здолниште, бела памучна маичка со принт од Раф Симонс, а дополнителен храбар избор е и блескавиот накит кој на овој неверојатно лежерен изглед му дава суптилен допир на гламур.

Овие чизми од колекцијата пролет/лето 2023 на Y/Project се достапни во различни бои и материјали, а креативниот директор на модната куќа, Глен Мартенс кој има белгиско потекло, откри дека за обемната силуета на овој модел чизми инспирацијата навистина е фламанската и готската машка мода од 17 век.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: assets.rebelmouse.io

Фото: fashionista.com

 

Објавено:
18 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.350 пати