Розов костум – нов тренд што го сакаме!

20 февруари 2017

На неодамна завршената модна недела во Њујорк, модната куќа Оскар де ла Рента прикажа во својата колекција розов костум, креација што многу бргу стана забележана од модните медиуми.

И тоа е тренд за кој се вели дека особено им прилега на оние што се чувствуваат феминистички настроени и тоа на посуптилен начин, преку спојувањето на „женската“ розова и машкото одело.

Но, од друга страна, веруваме дека во ова ќе се пронајдат сите што се модно освестени и похрабри. Па дали ќе се одлучите да го носите на некоја опуштена забава или некој моден настан да речеме, изборот е ваш.

Со маица со принт, кошула, со интересен ремен, марама или моден додаток по ваш избор, можете да уживате во модната игра.  

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
736 пати
Извор: 
Harper's Bazaar