Розовата боја на коса и нејзината врска со пандемијата

13 јануари 2021

Розовата боја на коса е боја која ја одбележа годината на пандемијата. Минатата недела Криси Тиген објави видео со својата виолетово розова нова фризура на Инстаграм, а само неколку денови пред Новата година, слични варијации на боја имаше и Џеј Ло. Од нијанса на роза, до фуксија и мастика, розовата буквално експлодираше на главите на познатите личности минатата година. Мадона, Дуа Липа, Витни Камингс, Џастин Бибер, Лејди Гага. 

Само отворете го својот Инстаграм профил и сигурно ќе налетате на нечии неколку прамени во розова боја. Според козметичките компании, во изминатата година на секои 30 секунди се продавал по еден производ наменет за одржување на розовата боја на коса. 

Случајно или намерно, варијации на розовата се наметнаа како трендовска боја на коса минатата година. Се наметнува прашањето зошто е тоа така?!

Во 18 век, се појавиле пудрите во прав во розова боја наменети за периките, кои во тоа време се носеле од страна на мажите и жените. Розовата коса најчесто се врзува со Курт Кобејн, Гвен Стефани, ерата на 70-те години од минатиот век, кога луѓето ја користеле розовата, неприродна боја на коса, како знак на бунтовност, како пркос на конвенционалната убавина. Самиот спој на розовата, како нежна, женска боја и фризурите со остри врвови, каратеристични за тој период, е еден начин на модна изјава. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Дека розовата боја на коса и овој пат е модна изјава е далеку од јасно. Но, причините не се ниту политички, ниту некаков акт на активизам. Розовата е боја на славење, забава, позитивно расположение, разиграност. Па можеби токму тоа и ни треба по онаа никаква 2020 година.

 

 
Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
326 пати