Без разлика дали станува збор за предимензиониран модел, декориран со инвентивен принт или винтиџ изглед, факт е дека сакото е најпосакувано модно парче за оваа сезона кое одлично се вклопува во сечиј изглед и стил.
Трендсетерките велат дека сакото е едно од оние парчиња кое буквално ја „спасува“ секоја комбинација, давајќи му софистицирана завршница и елегантен впечаток на секој изглед. Сакото може да го комбинирате во вашите деловни визии, а сепак да се чувствувате неизмерно удобно без да ја компромитирате сопствената префинетост. Во моментов најактуелна е комбинацијата на сако со популарните „boyfriend“ фармерки, но одлично се вклопува и со класични цигара панталони, молив здолништа, но и коктел фустани. Сакото е одлична замена за јакна особено во овој период од годината. Затоа и големите дизајнерски куќи и модни брендови својата креативна фантазија ја насочија кон изработка на вистински инвентивни, трендовски, урбани и модерни модели на кои ниту една дама не може да им одолее. Во продолжение еве кои се највпечатливите модели сакоа кои ќе ја одбележат оваа есен.