Самовилскиот ефект на градиент фустаните

30 јули 2022

Градиент фустаните не се воопшто нов тренд, но секако се вбројуваат во категоријата на бесмртната класика, а за тоа има добра причина.

Не секој е љубител на шаренило и комбинации кои вклучуваат многу различни, понекогаш и контрастни бои. Но модните парчиња каде градиентот е елегантно, ненападно и софистицирано постигнат, се неодоливи за секој, без разлика на личниот стил.

Фото: Pinterest

Носењето на градиент фустан е речиси како да носите уметничко дело на себе. Изборот на бои на модниот дизајнер е неретко и директно отсликување на неговото лично чувство за боја и начинот на кој таа ќе се прелее со друга без да изгледа неумесно и „извалкано'.

Фото: Pinterest

Градиент фустаните ќе ги најдете речиси секаде и денес постои бескраен избор на стилови, во зависност од тоа каков изглед сакате да постигнете. Од едноставно прелевање од основните бела и црна во впечатлива сина, зелена или црвена, па сè до волшебен спој на пастелни нијанси, како виолетова, жолта, розова или сина.

Изборот на материјал, крој и должина секако играат дополнителна улога. Тешко е да се постигне истиот резултат со долг и краток фустан, исто како што ленот, свилата, памукот и сатенот обично даваат сосема поинаков изглед. 

Фото: Pinterest

Па така, вашиот градиент фустан може да биде совршено лежерно парче за на излет, прошетка низ град, уживање на плажа под сончевите зраци, или пак да биде елегантниот и лелеав фустан од вашите соништа за свечени вечерни излегувања, или пак големи настани, како свадби, коктел забави, формални церемонии.

Фото: Pinterest

Во продолжение се неколку примери од градиент фустани со кои ќе постигнете неодолив самовилски ефект.

 

Фото: Pinterest

Објавено:
30 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
693 пати