Сатенски бомбер јакни – хит за оваа пролет!

16 мај 2016

Со оглед на тоа што времето баш и не личи на пролет, во секоја комбинација можете да ги сместите и овие супер бомбер јакни кои се вистински хит сезонава.

Станува збор за тренди јакнички од сатен најчесто со кул апликации во пределот на грбот, кои се одлични за разубавување на секоја ваша комбинација.

Како што ќе каже самото нивно име, бомбер јакните оригинално се познати како парче облека изработено специјално за војните пилоти.

Од 1970 – тите, тие стекнаа голема популарност кај младата популација која обожаваше да ги носи во сите можни варијанти и бои.

Оваа пролет исклучително популарни се бомбер јакните изработени од сатен како еден од најбараните материјали кога станува збор за свечени пригоди.

Интересно е што девојките ја комбинираат оваа сатенска јакна во своите секојдневни комбинации и истата изгледа неверојатно уникатно и шик.

Предност на истата е што можете да ја носите со фармерки и едноставна блузичка, елегантен фустан, бохо кошулка и што уште не.

High street брендовите сезонава нудат неверојатно добри модели, а во галеријата подолу можете да го одберете вашиот омилен!

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.936 пати