Screen Style: Зеленото палто од серијата Emily in Paris е неопходно модно парче годинава

9 февруари 2021

Со оглед на фактот дека ревиите беа ставени во затишје последнава година, нивната улога како презентери на модата ја преземаа телевизиските серии.

Нежно сината боја стана ултра популарна со појавата на најгледаното (и најпреценето) телевизиско остварување на Нетфликс - „Бриџертон“.  Принтот на шаховската табла како и винтиџ фустанчињата се вратија во мода благодарение на „The Queen's Gambit“, а модата ја диктираше и првата сезона на серијата Emily in Paris. 

Зеленото палто кое актерката Лили Колинс го носи во улогата на Емили во серијата, собра свои фанови ширум светот па од screen style се префрли на street style. Инаку станува збор за креација на Шанел, од ресорт колекцијата за 2020 година. На прв поглед изгледа мизерно и неразбирливо токму такво зелено парче да е неопходно за сезонава, но уличните фотографски досијеа укажуваат дека со малку модна освестеност, естетика и имагинација, лесно може да се искомбинира. 


 

Објавено:
9 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
422 пати