Се враќаме на работа во моќни костими!

6 септември 2019

Време е да се збогуваме со летото и повторно да се вратиме на редовните работни обврски.

Зад себе оставаме супер забавно лето во кое уживавме на разни начини, особено во ултра удобните комбинации во кои лежерниот фустан секогаш нѝ беше основа.

Сега е вистинско време да го обновиме плакарот со стилски парчиња во есенски бои, или пак да се потсетиме на оние што ги имавме минатата сезона.

Она што прво би требало да го имате на шопинг листата ако досега не сте го набавиле е дефинитивно стилскиот женски костим што сезонава доаѓа во уште поинтересни варијанти.

Прво нешто што треба да го имате на ум е тоа дека костимот треба да е удобен бидејќи во него ќе треба да го поминете речиси целиот ден, а потоа да се погрижите за деталите, боите и секако дезенот.

Сезонава повторно на прво место доаѓаат костимите во неутрални бои, а девојките носат еднобојни комбинации во палетата на есента.

Вистински хит ќе бидат и впечатливите и нагласени рамена, па можете да си набавите барем палто во овој стил и да го носите со фармерки.

Доколку сте обожавателка на здолништа, сезонава низ продавниците има фантастични костими со ова парче, а интересно е тоа што врз палтото можете да ставите ремен во пределот на половината и дополнително да ја истакнете комбинацијата.

Веројатно се сеќавате на оној тренд кога ногавиците од панталоните ги носевме внатре во чизмите, па се чини дека истиот повторно се враќа, а подеднакво е популарен и стилот на мешање принтови, оваа сезона карирано со карирано!

Инфо и фото: Buro 247.rs

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
714 пати