Седум летни комбинации на неодоливата Мира Дума

24 јули 2015

Таа е дефинитивно една од најдобро облечените жени на светот која постојано инспирира со нејзините стилски избори и бизнис потези што ги прави. Првата дама на модната платформа Buro 24/7 и ова лето прави супер комбинации со посебен шарм каков што само таа знае да внесе.

Како и сите други девојки на светот, ова лето и Мирослава е вљубена во бохо фустаните, а сосема нормално, таа ги обожува креациите на дизајнерката во подем Вита Кин.

Секако, ниту една сезона не може да помине без џинс, па така ова лето трендсетерката комбинира фармерки со висок струк со едноставна памучна маичка во бела боја и секако, високи потпетици.

Таа носи и прекрасни лелеави фустани кои години наназад се покажуваат како совршен избор за свечени настани, но и за пријатни секојдневни моменти.

Мира е вљубена и во класичните Шанел чевли со мала потпетица што се вистински хит ова лето и ги комбинира со кусо шик здолниште и повторно бела маичка како задолжително парче што мора да го имате во плакарот.

За шик и уникатен изглед, уредничката на Buro 24/7 ова лето одбира и кусо фустанче со долги ракави и впечатливи копчиња во предниот дел од кое ќе ви застане здивот!

Без разлика за какво парче и да станува збор, она што е најважно е дека таа секогаш знае да го носи на шармантен и уникатен начин како никоја друга девојка на светот!

Објавено:
24 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.957 пати