Сега е вистинско време да инвестирате во блејзер

17 август 2021

Со стартот на новата сезона, ќе започне и доминацијата на блејзерот како модно парче, па сега е вистинско време да се инвестира.

Се работи за моден класик, кој можете да го комбинирате на безброј начини. Одличен е во комбинација со фармерки, панталони, здолништа, фустани... Исто така, со кошули, пуловер, блузи... 

Ќе ви се најде и во деловни и во лежерни, како и елегантни пригоди. 

А ако се прашувате какви ќе доминираат во месеците што претстојат - по малку изненадувачки за есен, но шеќерните нијанси, виолетови и црвени ќе бидат најзастапени. Исто така, во понудата ќе бидат и оние со цветен дезен, но и оние со кариран, како силен претставник на класичните есенски трендови. 

Секако, без оглед на тоа што е актуелно, црниот и белиот блејзер се секогаш добредојдени.

Во продолжение неколку предлози за инспирација:

 

Објавено:
17 август 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.864 пати