Сега е вистинско време за топол шал – ова се нашите 20 омилени комбинации

15 јануари 2021

Вистински зимата ни доаѓа со првиот снег. Од вчера конечно и ние му се израдувавме, па тоа нè поттикна да ви предложиме неколку кул варијанти како во вашиот зимски имиџ да го комбинирате неизбежното модно парче во оваа сезона – дебелиот, топол шал.

Заедно со секоја зима, доаѓаат различни модели и нови, инвентивни дизајни на омилениот зимски моден додаток, но никогаш не е занемарена и класиката.

Модели изработени од дебело плетиво, кашмир или мек памук, еднобојни, со принтови или деликатни везови, се меѓу најатрактивните во актуелната улична мода.

Особено предимензионираните шалови нудат безброј опции како да ги комбинирате, па затоа сезони наназад се вбројуваат меѓу најпопуларните.

Издвоивме 20 стилски идеи како топлиот шал да го носите на забавен, моден начин.

Фото: Пинтерест

Објавено:
15 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.090 пати
Тагови: 
шал зимски шал