Секси монокини за врело лето

6 август 2013

Се појави во 60-тите години од минатиот век како изум на дизајнерот Руди Гернрајх кој започна вистинска модна револуција креирајќи костим за капење што открива повеќе отколку што беа навикнати дамите од тоа време. Монокинито кое тој го претстави во 1963 година наиде на голема осуда, бидејќи неговиот модел се состоеше само од долен дел на костим за капење, додека градите беа сосема голи. Денешните монокини доаѓаат во различни верзии, од конзервативни и премногу затворени до секси и со големи отвори. Доколку ова лето сакате да пробате монокини, предлагаме смели модели со секси отвори, модели во кои горниот и долниот дел се споени со алки или ленти, во бои и дезени како пастелни тонови, интензивни нијанси, хавајски цветови или леопрадов принт.

 

 

 

 

 

Објавено:
6 август 2013
Категорија: 
Тренд