Селектиравме топ 20 деловни аутфити – ќе ви помогнат во изборот што да носите на работа оваа зима

17 ноември 2020

Со добра идеја, малку умешност и базични парчиња облека, може да го надоградите вашиот деловен стил, а со тоа да добие нова димензија оваа зима.

Новиот деловен изглед може да го постигнете и со веќе постоечки парчиња во вашиот гардеробер, а трикот е да се охрабрите во нивното комбинирање и да не ги занемарувате деталите.

Слоевитиот спој секогаш ќе ви биде во прилог, затоа што една иста основа, постојано може да ја надополнувате со различни модни додатоци или парчиња.

Имајте ги предвид меките и топли шалови, беретките, пелерините, ремените за околу струк, суптилниот накит, марамите што секогаш ќе ви бидат при рака кога ќе имате потреба за визуелна трансформација на вашиот деловен имиџ.

Не заборавајте на колоритот. Дозирано, но присутно. Боја никогаш не е на одмет, туку напротив ќе го освежи вашиот бизнис изглед и со сигурност ќе придонесе за вашата самодоверба во деловниот свет.

 

Квалитетна чанта и добри чизми, се парчиња кои можеби бараат поголема инвестиција, но имаат вредна улога во комплетирањето на целината и затоа секогаш им посветуваме особено внимание.

 

Во продолжение издвојуваме 20 одлично искомбинирани деловни аутфити во кои веруваме дека ќе пронајдете мотив што ќе го имплементирате и во вашиот стил.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
17 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.022 пати