Shacket: Зимска карирана кошула - доминантен тренд сезонава

11 јануари 2022

Карираните кошули спаѓаат во оние трендови кои успеваат да му одолеат на времето и кои имаат сигурна позиција без разлика на актуелностите што ги носи секоја наредна година.

 

 

 

Ако сте влегле макар во еден бутик во вашиот град, сигурни сме дека сте ги забележале дебелите карирани кошули, кои доминираат и во машкиот и во женскиот гардеробер.

Нивната популарност некако суптилно се наметна, а најмногу поради практичноста.

Можат да се носат како кошула, но и како јакна, па оттаму и називот „shacket“ (shirt + jacket), доколку одоздола ја искомбинирате со маица, блуза, ролка... Одлична за со фармерки, кожени панталони, но и здолништа и фустани.

 

 

Кај мажите е одличен избор за секојдневни комбинации, кои се комбинираат и со патики и со чизми.

Доаѓа во најразлични комбинации на каро - од црвени, преку зелени, беж, сини нијанси...

Објавено:
11 јануари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.094 пати