Шармантни карирани костуми

23 јануари 2017

Карираните одела се совршен избор за формални пригоди, а истовремено се сосема соодветна варијанта за деловен стајлинг.

Она што е особено интересно кај моделите што оваа сезона се тенденција, се неконвенционалните кроеви. Должина на панталоните е над глужд или пак макси, фаворит се широки ногавици, сакоата со ¾ ракави како и карнерите како акцентирани детали.

Карираниот дезен е сеприсутен и доаѓа во бројни варијанти, од сиви тонови до комбинација на интензивни бои, за дамите кои сакаат да доминираат со својата визуелна појава.

Издвојуваме дел од понудата на глобалниот моден пазар.

Објавено:
23 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
497 пати