Шармантни пролетни фустани од Манго

23 февруари 2016

Шпанскиот гигант Манго е подготвен за пролетта.

Помеѓу шаренилото од бои и стилови, познатиот бренд оваа сезона акцентот го ставил на фустаните. И тоа во најразлични дезени, принтови, комбинации на текстури, од макси преку миди до мини, бохо, романтични и женствени...

Седумдесеттите повторно преовладуваат како естетика со оглед на тоа дека доминантни се кроевите во А форма, со лелеав пад како и флоралните принтови.

 

Објавено:
23 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.207 пати