Шармантно палто со принт од Max&Co за првите денови од пролетта

9 март 2017

По прекрасниот црн мантил што ви го презентиравме пред некој ден, на ред дојде најубавото палто со принт за оваа сезона.

Истото е навистина уникатно благодарение на прекрасните бои и пролетниот принт со кој изобилува, а можете да го носите со едноставни фармерки, високи потпетици или омилените секојдневни рамни чевли.

Ова пролетно палто од Max&Co можете да го носите и со омилениот фустан за некоја посебна пригода или пак со елегантните секојдневни комбинации за на работа.

Она што е посебно кај истото е широкиот крој и лежерните ракави, но и фалтите во задниот дел кои го прават да изгледа како широко и прекрасно фустанче доколку го закопчате целосно.

Копчињата се затскриени внатре, а тоа прави истото навистина да изгледа како супер едноделна комбинација за во текот на целиот ден.

Носете го со високи потпетици во темно сина, сива, сина или праска нијанса и уште повеќе истакнете ја неговата убавина.

Побрзајте во продавницата на Max&Co и одберете ја вашата големина!  

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Magnetik Group

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Марго Бојаџиевa

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.276 пати