Шик-комбинации со монтки за претстојниот викенд

12 декември 2014

Кога температурите ќе се спуштат под нулата, отстапете од модните стереотипи и дозволете си комфорни и топли парчиња како дел од вашиот стајлинг. Иако модните трендсетерки најчесто одбегнуваат да носат монтки и се одлучуваат за покласичен модел на капут, сепак доколку знаете убаво да ги искомбинирате парчињата, може да изгледате шик и модерно во секој поглед.


За претстојниот викенд ние ви предлагаме да се одлучите за кежуал изглед, кој секако ќе го „крунисате“ со монтка. Овој модел на јакна совршено се комбинира со хеланки, фармерки, здолништа, блузони, џемпери и различни модели на чевли и патики. Исто така, комфорноста на монтките и топлината која ја пружаат, се идеално решение доколку сакате да одите на прошетка. Комерцијалните етикети овој период нудат навистина модерни варијанти на волуменозните јакни кои доста еволуираа од времето кога ги носевме во училишните денови. Дека не важи правилото за стајлинзи сочинети само од спортски парчиња, се потврда учичните фотографии во продолжение. Не ја заборавајте ваквата масивна и топла јакна во вашите плакари и дозволете да ви го разубават и стоплат секојдневието.

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Тренд