Шик комбинации за секој ден од јануари

2 јануари 2019

Да ја стартуваме новата година стилски! Одберете неколку омилени зимски парчиња од вашиот гардеробер и комбинирајте ги меѓусебе во неколку различни аутфити.

Макси капутот, плетениот фустан, карираниот блејзер, џинсот, панталоните и здолништето со висок струк, како и предимензионираниот шал, се неколку базични парчиња што ќе ви помогнат оваа зима да изгледате како шик девојките од модите улици на светските метрополи.

Слоевитото комбинирање и овој јануари е главен адут на секоја стилска целина, па искористете го вашето чувство за естетика и препуштете се на креативната игра со парчињата во различни дезени и бои.

Ние направивме преглед на зимската улична мода низ светот и одвоивме интересни комбинации како инспирација за секој ден од јануари.

Фото: Пинтерест

Објавено:
2 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.906 пати