Широки панталони + високи чизми – Тренд во зимската улична мода

22 декември 2020

Ако ја следите уличната мода, тогаш сигурно сте забележале дека оваа зима хит е комбинацијата што вклучува широки панталони и високи или средно високи чизми.

Огромен избор на вакви аутфити може да се забележат на Пинтерест и Инстаграм, каде IT девојките умешно ги комбинираат во својствени и автентични комбинации, што ќе ви обезбедат бројни идеи како и вие да ги вметнете во вашиот имиџ.

Кога се стилизираат ваквите комбинации, најчесто ногавиците на широките панталони се вметнати внатре во чизмите со што се добива впечатлив ефект. Ваквите аутфити идеално прилегаат со плетени блузи и џемпери, со топли волнени блејзери како и со макси, широки капути.

Како вие обожувате да ги комбинрате?

Фото: Пинтерест

Објавено:
22 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.887 пати