Шорцеви за капење за мажи

16 јули 2016

Иако модната индустрија повеќе внимание посветува на женската мода, тоа не значи дека трендовите кај машката не се менуваат.

Тоа важи и за костимите за капење.

Додека жените бираат со часови каков облик или боја на костимот на капење да одберат, мажите честопати го купуваат првиот шорц што ќе го видат и речиси се подготвени за одмор.

Но, машките модни магазини излегоа со предлози за тоа какви шорцеви за капење се идеални за оваа сезона.

Веднаш преминуваме на шорцевите, бидејќи спидо-гаќите за капење веќе ретко кој ги носи, освен Бразилците можеби...

Ако спаѓате во групата мажи што сака еднобојни шорцеви или пак умерена комбинација на бои, тогаш ова лето купете си некој во тегет, бордо, светлосина или нивна комбинација, вклучувајќи ја и сивата.

Ако спаѓате во групата мажи пак, што сака да биде впечатлив на плажа, тогаш одберете шорц со принт. Тие се апсолутен хит летово. Дали ќе се одлучите за птици, бубачки, кактуси, тропски мотиви, ананас, сладолед, море или некој друг изборот е ваш. Сеедно, ќе бидете во тренд.

При купувањето, покрај тоа што ќе ја бирате надворешноста, внимавајте повеќе на квалитетот и материјалот на шорцевите – тенките и шушкави се најдобар избор.

Неколку модели на шорцеви, неколку соодветни маици со нив, обувки и добро расположение и вие сте подготвени за летниот одмор. 

Објавено:
16 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
675 пати