Што да облечете денес?
•
24 февруари 2014
Наши драги дами, ние ви предлагаме работната недела да ја започнете со спортско елегантна комбинација. Црниот тесен памучен фустан до колена е како совршен за денешниот ден. Во комбинација со тренди тексасното палто ќе бидете вистинска кралица низ улиците и ќе му се спротивставите на облачното време. Со оглед на тоа што голема е веројатноста дека денешниот ден ќе биде врнежлив, никако не заборавајте ги чизмите од кои сѐ уште не смеете да се одделите. Црната волуменозна чанта и модните додатоци во сива боја се одлично дополнување на целата ваша денешна комбинација.
Среќен понеделник!