Што да облечете денес?

19 март 2014

Денешната предлог комбинација е за девојките што сакаат да ја истакнат својата сензуалност и женственост преку облеката. Предлогот кој го имаме како инспиративна сугестија за вас е сочинет од тренди парчиња што периодот се едни од најактуелните. Тесното молив здолниште во впечатив цветен принт спојте го со пастелно тенко џемперче чија должина завршува кај половината. Дополнително истакнете ја женственоста со тоа што ќе облечете салонки на висока потпетица во пастелна нијанса. Во зависност од тоа кои бои ги има вашето здолниште од принтот, комбинирајте ги останатите аксесоари како чантата и накитот. Пред да излезете од  дома не заборавајте да ги земете очилата за сонце. Имајте убав ден!

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Тренд