Што да облечете денес?

27 март 2014

Драги наши дами, со денешната формална и романтична комбинација ви предлагаме да му се спротивставите на сивото и меланхолично време, со тоа што ќе облечете весела комбинација од свежи нијанси. Небесно сината и розова се апсолутен хит од модните писти, па време е и ви да ги пробате на вас. Белата кошула или маичка вовлечете ја во плисираното здолниште со миди должина, а целосниот изглед заокружете го со струкираното палто со дискретен принт од слични  нијанси како од останатите парчиња од  кои е сочинета комбинацијата. Контрастот во боите ќе го создадете со тоа што ќе облечете небесно сини салонки на висока потпетица, на кои пак ќе контрира беж чантата. Имајте убав ден!

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Тренд