Што да облечете денес?

25 април 2014

За овој петок ви предлагаме формална женствена комбинација која освен за на работа е компактна и за излез во град по завршувањето на работните обврски. Спојте го пенкало здолништето во кралско сина нијанса со пастелна кошула од некој лесен материјал. За уште повпечатлив изглед комбинирајте ги чевлите на висока потпетица во карамел нијанса, а заокружете го целосниот изглед со палто во вид на пончо во кариран дезен. Имајте убав ден!

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Тренд