Што да облечете денес?

5 мај 2014

Понеделнички повторно не дочека тмурното и дождливо време, затоа ви предлагаме комбинација во која пред се ќе се чувствувате комфорно. Веруваме дека парчињата од дневниот стајлинг а што ви го  предлагаме се основата од повеќето женски плакари. Па така, темниот џинс на фармерки во цигара крој, комбинирајте ги со широка блуза или кошула во пастелна нијанса, врз која пак ќе го облечете најсоодветното палто за вакво време- мантилот. Чантата и обувките исто така нека бидат во светла пастелна нијанса, а доколку се плашите да не прокиснете, заменете ги балетанките со чизмички до глужд. Имајте убав ден и уживајте во лежерноста на вашата облека!

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Тренд