Што да облечете денес?

2 август 2014

Овој празничен ден бидете ретро девојка каде и да одите! Исполнете го слободниот ден со многу колорит и облечете куси панталончиња во јака црвена боја и комбинирајте ги со тексас кошулка без ракави, модерно врзана во предниот дел. За секоја прошетка да ви биде удобна, денешниот стајлинг комбинирајте го со рамни чевлички во црна боја со интересен принт во предниот дел. Шапката и денеска е задолжителна, но доколку сте во можност, понесете си и мало чадорче доколку дождот и денеска реши да не почести! Што се однесува до модните додатоци, носиме колоритна чанта со етно мотиви, обетки лубенички, црно прстенче, и очила за сонце и ѓердан во жолти нијанси.

Уживајте во празничниот ден!

Објавено:
2 август 2014
Категорија: 
Тренд