Што да облечете денес?

28 јануари 2015

Девојки денеска сме вљубенички во минимализмот! Оваа среќна среда носиме кусо кожено здолниште во комбинација со нежна бела кошула што никогаш не излегува од мода.

Одозгора, носиме минималистичко сиво палто што дополнително ќе и даде елегантна нота на денешната комбинација.

Целото внимание денеска треба да го насочите кон впечатливите модни додатоци. Рамните чевли одлично ќе се вклопат во вашиот изглед, а целата комбинација ќе ја крунисате со оваа чантичка со кул принт.

Одберете црна алка и многу сребрени прстени како аксесоари, а секако, ниту денеска не ги заборавајте вашите омилени очила за сонце.

Објавено:
28 јануари 2015
Категорија: 
Тренд